Aicon Rešenja za upravljanje biznisom

ELO DMS Систем за управување со документи


Системот за управување со документи ELO DMS претставува збир на решенија кои создаваат единствена платформа (околина) за архивирање и управување со документи, следење на предмети како и за подршка на деловните процеси.
ELO DMS обезбедува контролирана и сигурна работа со документите и истовремено создава основни претпоставки за поефикасен и попродуктивна работа на сите вработени.


ELO овозможува архивирање и обработка на било кој тип на документи за мнозинството од најчесто користените датотеки, како што се Word, Excel, PDF, или CAD докумнети, односно WEB ili e-mail содржини. Покрај тоа ELO има посебна подршка за пребарување по целата содржина на документот, таканаречено "full text" пребарување со помош на OCR /ICR технологија. Со воведувањето на ELO DMS околина компанијата воспоставува централна база за сите документи со што значајно се олеснува работата и соработката помеѓу вработените.

Централизацијата на документите и унификацијата во нивната организација со ELO DMS овозможува целата коресподенција која е важна за работењето на компанијата да се постави на централен сервер во структурна мапа која е за сите разбирлива и практична за користење.

ELO DMS е базиран на отворени индустриски и технолошки стандарди и обезбедува:

  • »Брза достапност и долготрајно и доверливо архивирање на документите
  • »Едноставна администрација на документите, контролиран апликативен пристап кон документите (авторизација и повеќе нивоа на заштита - енкрипција, PKI), како и пренос на податоци (сервер-клиент) по http протокол.
  • »Следење на деловната кореспонденција со партнерите на основа на врските помеѓу документите и релевантните деловни процеси
  • »Поддршка за архивирање на документите на off-line медиуми
  • »Единствено складирање на сите архивирани документи и повеќекратна употребливост на електронски архивираните документи во различни апликации
  • »Контрола и чување на сите верзии на документите, тимска работа (верзионирање, "check in - check out")
  • »Контрола на извршувањето на задачите и пратење на сите операции со документите ("document life cycle")