Aicon Rešenja za upravljanje biznisom

Како независна консултантска и услужна компанија развиваме за секој корисник соодветни решенија за управување на бизнисот, кои ги имплементираме со најсовремени информациони технологии.


AICON Македонија е партнер на фирмата SAP од 1998. година. Од 2007 год. AICON Македонија е бизнис партнер на фирмата ELO Digital Office GmbH. Соработувајќи со фирми од различни области на IT индустријата, AICON Македонија може да креира проектни тимови кои со квалитетот и искуството ќе гарантираат за успешното реализирање на сите фази на проектот за имплементација на SAP, како и реализацијата на комплексни информатички проекти.


AICON Македонија д.о.о. е претпријатие кое е на нашиот пазар од февруари 1998. Специјализирани сме за:

  • »Водење на проекти за имплементација на SAP ERP и All In One решенија
  • »Информатички и бизнис консалтинг
  • »Едукација на SAP корисници
  • »Развој на специјализирани шаблони (template) на база на SAP системот.

Воедно, наша бизнис политика е воспоставување на цврсти соработки со корисниците, како и другите фирми кои се определени за работа на проекти од овој тип.

AICON Македонија во својот развој посебно внимание посветува на едукацијата на своите специјалисти.